Усогласеност
промоција на етичка култура и усогласеност, проценка и управување со ризикот преку проактивно управување со програмите за усогласеност со регулативата, по однос на управување со ризик, изготвување на стратешкиот план на институциите односно правните лица;
Идентификување на потенцијални проблеми и оперативни ризици, коруптивни ризици, како и идентификација на активности кои треба да се превземат за намалување на ризикот од корупција;
Креирање и спроведување на програми за анти-корупција и усогласеност со регулативата, вклучувајќи програма за одговорностите на органите за управување;
Управување со програми за мониторинг и ревизија и оценување на контролите за усогласеност и програмите за превенција од корупција; со јасно дефиниран план за спроведување на обврските за усогласеност и одговорност од Управните одбори/сопствениците за неисполнување на плановите /реформите за намалување со корупција и носење на програма за усогласеност;